Патничка си направи домашна паста во авион и ги шокираше сите околу себе
Авионската храна одамна важи за разочарување, но една патничка одлучи дека нема да трпи веќе и на 10.000 метри височина сама си подготви италијанска гозба од свое седиште.
Постапката не само што ѝ донесе милиони прегледи онлајн, туку и предизвика лавина реакции – од восхит до гадење.

Содржина:
Кејти од Сан Диего реши да си ја задржи својата авионска рутина
Позната како @buonapastaclub на TikTok, Кејти јавно призна: „Ако мразиш авионска храна, направи си сам“.
Таа на снимката меша брашно, јајца и компири во чинија што ја донела од дома, а потоа вешто меси, развлекува, сече и оформува њоки, користејќи дури и дрвено помагало со жлебови.
Некои ја пофалија креативноста, но коментарите не беа баш воодушевувачки.

„Авионите се најнехигиенското место!“
Луѓето на интернет ги преплавија коментарите: „Не разбирам како луѓето не сфаќаат дека авионот е најнехигиенското место“.
Други шеговито додадоа: „Можеше да си спакуваш сендвич!“, а еден дури напиша: „Би полудел да седам покрај оваа личност.“ Други предупредија и на серозен проблем: „Не е добра идеја, сериозно – за луѓето со целијакија ова може да биде опасно… Размислете кога готвите во јавен простор“.
Кејти не е единствената
Кејти не е единствената со екстремна желба за домашна храна за време на лет.
Во декември 2023, друг патник од САД, познат како Barfly, стана вирален откако во авионски тоалет приготви ракчиња и пире, користејќи две шестволтни батерии за да загрее храна, која подоцна ја јадеше со раце.
Коментарите беа уште понегативни: „Замисли ти си на ред за тоалет по него…“

Коментирај анонимно