Патнички авиони морале да бидат приземјени откако необична „армија“ почнала да ги саботира летовите

Се случува летот да биде одложен од некоја причина. Најчесто тоа се временски услови или пак некој вообичаен технички проблем, но вакво нешто ретко се случува. Окупација на авиони од страна на пчели.

Рој пчели оваа недела предизвика целосен осакатување на аеродромот во Индија, откако опколи не еден, туку два патнички авиони.

Двата инциденти се случија на аеродромот во Колкута, при што пчелите први се сместија во авион приближно во 16 часот во недела, 29 ноември, што резултираше со летот да биде одложен за еден час. Бидејќи не им се брзало да одат некаде истата саботажа ја повториле и наредниот ден на друг авион.

И во двата случаи на лице место биле повикани пожарникари со топови вода да ги избркаат пчелите. Вториот рој бил толку голем што речиси целосно ги покривал буквите Вистара од страната на авионот. Според правилата на пилотот не му е дозволено да полета доколку на него се наоѓаат рој инсекти.

Секој авион има неколку мали сонди за да го одреди статичкиот притисок и вкупниот притисок на протокот на воздух околу авионот. Овие се исклучително чувствителни. Дури и ако една пчела влезе во сондата, индикаторите за брзина на воздухот можат да се оштетат. И тоа може да биде катастрофално.

По пребарувањето во близина, не е откриена кошница, така што се претпоставува дека овој рој пчели мигрирал и случајно застанал тука.