Патник на Американ Ерлајнс го отворил излезот за итни случаи и скокнал на крилото на авионот

Се` се одвивaло добро со летот 920 на Американ Ерлајнс, кој штотуку безбедно слетал на меѓународниот аеродром во Мајами по поаѓањето од Кали, Колумбија. Потоа патник го отвори излезот за итни случаи и скокна на крилото на авионот.

Патникот, подоцна идентификуван како 33-годишниот Кристијан Сегура, наводно се шетал некое време пред да скокне од крилото кога пристигнале службеници на Царинската и граничната заштита на САД да го уапсат. Подоцна бил однесен во собата за итни случаи во Меморијалната болница Џексон, откако болничарите утврдиле дека му треба медицинска помош. Откако ќе излезе од болница, ќе биде однесен во затвор.

Аеродромските службеници соопштија дека инцидентот не предизвикал доцнење на другите патници, потенцирајќи дека скокањето од авион не е добар начин да се избегнат редиците на аеродромот.

Ова е најновиот инцидент во она што Федералната управа за воздухопловство го нарече „вознемирувачко зголемување на бројот на непослушни патници во авионите“. Од почетокот на годината, пријавени се речиси 4.500 инциденти во кои биле вклучени непослушни патници, во прдходни години овој број бил само помеѓу 100 и 150 патници годишно.

Многу од овие неодамнешни инциденти беа предизвикани од патници кои одбиваат да ги почитуваат барањата за маски, што довело до физички пресметки го голем дел од случаите.