Патник од прва класа се спријателил со 88-годишна баба на аеродромот и решил да ѝ го разубави летот
Џек ја запознал Виолет на аеродромот во Њујорк и тие набру се спријателиле. 88-годишната медицинска сестра во пензија патувала во Велика Британија за да ја посети нејзината ќерка, додека Џек се враќал дома во Лондон по семејниот празник во Големото јаболко. Нивното пријателство ги изненади луѓето ширум светот.
Виолет имала резервирано седиште во економската класа, а Џек летал со стил во првата класа во истиот авион. Кога влегле во авионот Џек ја пронашол Виолет и ја разубедил да ги сменат местата. Така 88-годишната жена летала луксузно со прва класа.
Нивната приказна ја споделила стјуардесата Ли Ејми, која исто како и нејизните колеги била воодушевена од постапката на Џек. „Потоа седна во редот на места директно до тоалетите од економскиот дел и никогаш не направи звук или да побара нешто од остатокот на летот. Без гужва, без внимание, буквално го стори тоа од добрината на своето срце, никој не го побара тоа од него.“, овјаснува Ејми за постапката на Џек.
Ејми објаснува дека Виолет била возбудена за време на целиот лет и побара од стјуардесата да ја фотографира затоа што нејзината ќерка нема да ѝ поверува. Очигледно сега целиот свет и верува.