Патник отворил излез за итни случаи во авион на „Џетстар“ и скокнал на крилото на леталото
Патник на „Jetstar“ ја отворил вратата за итен излез само неколку минути по слетувањето на аеродромот во Мелбурн , „истрчал“ на крилото и потоа се закачил на моторот од авионот. Летот JQ507 од Сиднеј штотуку слетал во Мелбурн околу 10 часот во четвртокот, кога маж на 30-годишна возраст ја отворил вратата за итен излез и „скокнал надвор“.
„Стјуардесите му кажувале на човекот да седне, тој шетал наоколу, не го слушал екипажот“, објави водителот на „Скај њуз“, Киеран Гилберт.
Патникот потоа се качил на десното крило на авионот А320-200, потоа „истрчал“ на десното крило на авионот А320-200 и се закачил од турбинскиот мотор пред да биде задржан од персоналот на земја.
Наводно, патниците му викале на човекот да седне за време на хаосот. Мажот сега е уапсен, а на сите патници во авионот им било дозволено да се симнат.
Портпаролот на авиокомпанијата ја потврди случката.
Адам, патник на летот, изјави за „Скај њуз“ дека по слетувањето, човекот станал од своето место и ги игнорирал упатствата на екипажот на летот да седи.
„Господинот што седеше недалеку од мене стана и ги игнорираше упатствата да седне“, рече тој.
„Изгледаше малку вознемирено, претпоставував дека имаше некаква психотична епизода. Кога всушност излеговме, тој стигна до излезот за итни случаи, ја повлече вратата. Сите во тој момент врескаа по него велејќи му да престане и се обидуваа физички да го задржат“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно