Патник предупредува за нова опасност кога одите во хотел: „Легнав во креветот и се ужаснав кога нешто ме допре по образот“
Еден патник бил ужаснат откако случајно допрел игла што ја пронашол во креветот на својот хотел.
Човекот, кој не го откри своето име, ја сподели својата приказна на Reddit минатиот петок. Објави слика од свиткана игла и праша луѓе што би можело да биде.
„Што е ова? Металниот врв беше пробиен низ чаршавот во хотелот каде што престојувам и ме изгреба“ напиша туристот.
Објасни дека легнал во креветoy кога иглата го „изгребала.“
Луѓето во коментарите забележаа дека личи на капаче од инсулинска пенкало игла за еднократна употреба и го советуваа човекот да оди на лекар.
Иглата на сликата била свиткана, па не е јасно дали ја пробила неговата кожа, но тој сепак побарал лекарски совет.
„Се чувствувам добро,“ напиша човекот подоцна. „Моите баба и дедо и сестра ми се доктори, па сум во контакт со нив за ова“.
Според AMA Journal of Ethics, ако некој се боцне со искористена игла, веднаш треба да го измие местото со сапун и вода и да го извести својот лекар. Медицинските лица треба да проверат за инфекции како ХИВ, хепатитис Б (HBV) и хепатитис Ц (HCV), доколку лицето кое ја користело иглата не може да се тестира.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Valuable info. Lucky me I found your web site by accident, and I am shocked why this accident didn’t happened earlier! I bookmarked it.
Коментирај анонимно