Пазар на дрога на отворено: Шокантни фотографии ја покажуваат моменталната ситуација во Портланд

Градот Портланд го нарекуваат нарко пазар на отворено, луѓето користат хероин на улиците, а тротоарите се преполни со игли. Градските власти ги расчистуваат бездомниците додека кандидатот за градоначалник на соседниот град „сака да ги собере заедно и да купи „мешунки во јапонски стил“ за да ги смести зависниците од дрога.

Новите фотографии ја прикажуваат моменталната ситуација во Портланд, град кој е погоден од бездомници и зависници од дрога кои отворено користат дрога среде бел ден. Биле видени како се инјектираат, паѓајќи во полукоматозна состојба.

Фрлените игли, човечкиот отпад и мирисот на урината додаваат уште еден слој нечистотија на прогресивната политика на градот – една од нив е одлуката за Мерката 110, со која се декриминализираа тешките дроги во државата со која управуваат демократите.

Орегон стана првата сојузна држава во САД што го декриминализираше поседувањето на големи количини хероин, метамфетамин, ЛСД, оксикодон и други дроги за лична употреба, откако гласачите го одобрија законот во 2020 година за декриминализирање на тешките дроги.

Но, бројот на смртни случаи од предозирање со дрога во државата, исто така, достигна историски максимум во 2021 година на 1.069, што е за 41 отсто повеќе од 2020 година, според Фокс њуз.