Пекара во центарот на Кабул им дава леб на луѓето, бидејќи милиони Авганистанци страдаат од глад

По неколку илјади луѓе секој ден чекаат на ред за да добијат бесплатен леб од пекарата на 58-годишниот Мехр Дил Кан Рахмати. Тој го прави ова 3 години, но порано не било така како денес. Денес по неколку илјади луѓе чекаат ред за бесплатен леб, а бидејќи тој го плаќа лебот од сопствениот џеб, не може да им даде на сите.

Еден леб го чини околу 10 денари, што значи дека за 1000 луѓе треба да потроши 10.000 денари. Добрата страна на приказната е што други хумани луѓе донираат пари за пекарата, па така има денови кога и по 2000 луѓе добиваат бесплатен леб.