Пеколната вистина за планот на Илон Маск за Марс: Предупредување за шокантните последици врз човечкото тело
Од промени во големината на телото, до ослабен имунолошки систем и компликации при раѓање, колонизацијата на Марс може да донесе низа сериозни проблеми за човечкото тело. Илон Маск верува дека населување на Марс е возможно до 2050 година, но професорот Скот Соломон од универзитетот Рајс предупредува дека постојат огромни предизвици и неодговорени прашања кои мора да се решат пред да започне било какво постојано присуство на Црвената планета.

Содржина:
- Неизвесност околу можноста за раѓање деца на Марс и ризик од компликации при породување
- Еволутивни промени: идните Марсовци може да бидат помали, со погусти коски и неспособни да се вратат на Земјата
- Културни разлики и нови цивилизации: Марсовците ќе бидат сè повеќе различни од Земјаните
- Морални дилеми: Дали треба да ја колонизираме вселената кога Земјата е соочена со огромни проблеми?
Неизвесност околу можноста за раѓање деца на Марс и ризик од компликации при породување
Во книгата „Да станеш Марсовец: Како животот во вселената ќе ни ги промени телата и умот“, професорот Соломон предупредува дека сè уште не се знае дали луѓето воопшто можат да се размножуваат надвор од Земјата. На Марс гравитацијата е само една третина од земјината, а радијацијата е значително повисока. Според Соломон: „Идејата за населување на друга планета подразбира дека таму може да се родат и израснат деца, а сè уште не знаеме дали тоа е можно.“ Истражувањата покажуваат дека густината на коските опаѓа во средини со ниска гравитација, со што жените на Марс би биле изложени на уште поголем ризик при породување. „Веќе сега раѓањето е ризично, а можеме да замислиме сценарио каде жените родени на Марс се во уште поголема опасност од компликации при породување“, предупредува Соломон.

Еволутивни промени: идните Марсовци може да бидат помали, со погусти коски и неспособни да се вратат на Земјата
Професорот Соломон смета дека Марсовците преку генерации би станале помали поради ограничените ресурси, а нивните коски би биле погусти за да можат да преживеат во услови со ниска гравитација. „Колку што си помал, толку помалку ресурси трошиш“, објаснува тој. Но, ваквите прилагодувања ќе ги направат идните жители на Марс неспособни да преживеат на Земјата поради силната гравитација и разновидната микробна средина, која нивниот имунолошки систем не може да ја препознае и совлада. „Чедо родено на Марс ќе биде изложено на многу мал дел од нашите микроорганизми. Ако се врати на Земјата, може да биде загрозено од микроби кои за нас веќе не се закана“, истакнува Соломон.

Културни разлики и нови цивилизации: Марсовците ќе бидат сè повеќе различни од Земјаните
Освен биолошките промени, Соломон истражува и како би изгледал односот меѓу цивилизациите на Земјата и Марс. Првите доселеници ќе се чувствуваат поврзани со Земјата, но со секоја нова генерација, идентитетот ќе се пренасочува кон Марс. Разликите во културата, политиката и биологијата ќе се продлабочуваат ако патувањето меѓу двете планети биде тешко и ретко. Дури и комуникацијата ќе биде сериозно забавена – ќе бидат потребни и до 20 минути за порака, фотографија или видео да пристигнат од една планета на друга. „Може да дојде до вистинско културно и политичко раздвојување меѓу двата светови“, смета Соломон.
Морални дилеми: Дали треба да ја колонизираме вселената кога Земјата е соочена со огромни проблеми?
Многумина се скептични за истражувањето и колонизацијата на вселената, мислејќи дека треба да се фокусираме на решавање на проблемите што ја мачат нашата планета. Соломон се согласува дека е клучно да се вложуваат напори за спас на Земјата, но додава: „Можеме истовремено и да продолжиме да истражуваме што значи да се живее во вселената и дали можеме некаде таму да преживееме.“ И покрај опасностите, професорот признава: „Јас сакам да патувам, сакам авантури. Би сакал да одам на Марс, но сепак би сакал да се вратам дома.“ Книгата „Да станеш Марсовец: Како животот во вселената ќе ни ги промени телата и умот“ од Скот Соломон ќе излезе на 17 февруари, издадена од MIT Press.

Коментирај анонимно