Пена забава? Огромна количина морска пена го покри брегот и дојде до внатрешноста на градот

Огромна количина морска пена опфати делови од источниот брег на Ирска. Лошите временски услови и силните ветрови предизвикаа голем дел од пената на бреговите на Бреј, јужно од Даблин. На социјалните мрежи кружат снимки на кои градскиот брег е целосно покриен со пена. Неколку луѓе беа охрабрени да прошетаат, борејќи се со ветрот и пената која им е скоро до колениците.

Пената е формирана од мешавина на морска вода и органски остатоци. Дел од пената ја покри плажата во Бреј, а голема количина ветерот ја однесе подлабоко во градот. Жителите на Бреј во коментари пишуваат дека веќе подолго време не виделе високи бранови како оние на брегот овој викенд.