Пенкалото не е помоќно од скалпел, но овој хирург се грижи децата да не ги забележат најпрвин лузните, по страшните операции
Д-р Роберт Пари е повеќе од само хирург. Тој е вистинско човечко суштество. Директорот на детска хирургија во Детската болница „Акрон“ во Акрон, Охајо, стана познат поради неговиот уникатен начин да ги утеши најмладите пациенти.
Откако го спушти скалпелот, Пари ги вади фломастерите за да ги скрие нивните лузни по операцијата со забавни цртежи.
Мајка, чија ќерка некогаш била пациентка на Пари, рече дека неговата илустрација навистина го трансформира целото болничко искуство: „Постои неверојатен износ на стрес секогаш кога детето е болно. Кога постои оперативен распоред, родителите работат напорно за да го сокријат својот страв од постапката, финансискиот стрес на ситуацијата и нивниот терор нешто да не заврши добро. Лекарот ѝ кажа на Кенеди и на нејзините браќа и сестри дека ќе има прекрасна пеперутка откако ќе заврши. Кога Кенеди излезе, сите беа возбудени кога сфатија што мислел лекарот. Кенеди беше толку горда на убавата пеперутка што заборави на лузната.“
Пари работи во болницата од 2011 година и извршил над 10.000 операции, според профилот на болницата од 2017 година. „Тоа е прилично посебна работа за сите. За мене е забавно да се снаоѓам, родителите и децата навистина уживаат во тоа, па дури и целиот медицински персонал сака да земе учество во тоа.“, вели д-р Пари. Тој вели дека за секоја ислустрација му се потребни околу 5 минути. Еве како изгледаат неговите забавни цртежи и блгодарноста од родителите, па и од самите пациенти: