Пентагон му покажа на Конгресот на САД нови видеа и фотографии од НЛО на првото јавно сослушување за вакви феномени по повеќе од 50 години

Скот Бреј, заменик-директорот за разузнавање на морнарицата, рече дека воените пилоти сега имаат способност да пријавуваат НЛО од внатрешноста на нивната пилотска кабина и рече дека напорите ќто ги прават се во правец да се разберат НЛО, и тоа е клучна цел на Владата.

„Имаме експерти низ Владата, вклучително за физика, оптика, металургија, метеорологија, само за да именуваме неколку“, рече Бреј. „Се обидовме да донесеме сеопфатен пристап за да ги разбереме овие феномени“.

Бреј рече дека војската сега има повеќе од 400 пријави за НЛО и дека „стигмата е намалена“ за војниците кои пријавуваат вакви феномени. За време на сослушувањето, тој покажа неколку нови видеа од НЛО, вклучително и едно снимено во 2019 година на „она што изгледа како триаголници, и некои трепкаат“.

Во овој случај, Бреј рече дека феноменот бил повторно снимен подоцна, и дека војската можела да утврди дека „овие триаголници се во корелација со беспилотни воздушни системи во областа. Триаголниот изглед е резултат на светлината што минува низ заштитните очила за ноќно гледање, а потоа е снимена со СЛР камера“.

Меѓутоа, во друго видео, тој покажа топче испукано од прозорецот на авионот; тој рече дека сè уште нема објаснување за што се работи.

Во секој случај, тој рече дека пристигнуваат повеќе извештаи во текот на последните неколку месеци, бидејќи војската создаде нови процедури за известување: „Екипите на морнарицата и воздухопловните сили сега имаат чекор-по-чекор процедури за пријавување на феномени во пилотската кабина и во нивните постапки за преглед по летот. Директен резултат од тоа беше зголемувањето на известувањето“, рече Бреј. „Пораката сега е јасна: ако видите нешто, треба да го пријавите. И пораката е примена. Неодамна добив повик од висок поморски авијатичар со повеќе од 2.000 часа лет, тој ми се јави лично од линијата за летот по слетувањето за да разговара за средбата што штотуку ја доживеал.
Расправата се уште е во тек.