Пентагон официјално објави 3 видеа од НЛО кои ги направиле пилотите на морнарицата на САД

Овој понеделник Пентагон објави три декласифицирани видеа на кои се гледа дека пилотите на американската морнарица се соочуваат како што се чини неидентификувани летачки објекти. Необичните црно-бели видеа прикажуваат „необјаснети воздушни феномени“, како што пренесува Пентагон, кои биле откриени претходно и сега многу луѓе веруваат дека станува збор за вонземјани.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за одбрана се вели дека ова е направено „да се расчистат сите заблуди во јавноста за тоа дали снимките што циркулирале биле реални или дали има повеќе на видеата“. Од трите настани што беа снимени на камера, првиот се случил во ноември 2004 година, а другите два во јануари 2015 година.

„После деталното испитување, одделот утврди дека овластеното објавување на овие некласифицирани видеа не открива чувствителни способности или системи и не влијае врз какви било последователни истраги за упади на воениот воздушен простор од неидентификувани воздушни феномени.“, е вели во соопштението на Одделот.

Видеата на морнарицата за прв пат беа објавени во 2017 година од Академијата за уметности и науки Старс, компанија ко-основана од поранешниот музичар на Блинк-182 Том ДеЛонг. Компанијата ги проучува информациите за неидентификувани феномени.

Снимките од 2004 година беа споделени и во приказната на Њјорк Тајмс објавена во 2017 година, во која беа опфатени интервјуа со двајцата пилоти кои биле сведоци на инцидентот. Еден од нив рече дека забележаниот авион „забрзал како ништо што досега имал забележано“ и дека бил прилично изненаден.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.