Пензионер кој освоил на лото е принуден да користи купони за храна затоа што уште не му ја префрлиле добивката, а тој ги потрошил сите пари што ги имал

Пит Дејли (71) кажа дека тој бил среќниот добитник на лотаријата EuroMillions во Британија пред 34 дена. Сепак, човекот од Вирал сè уште не ги добил своите добивки. Разочараниот пензионер освоил 673 евра на лотаријата во јули и го прославил тоа со плаќање на осигурувањето за неговиот автомобил. Но, по чекањето повеќе од еден месец за својата добивка, г-дин Дејли сега мора да користи купони за храна.

 

Г-дин Дејли објасни: „Кога дознав дека сум победил, го платив осигурувањето за автомобилот со сите пари што ги имав за месецот, мислејќи дека парите од лотаријата ќе дојдат за да ми помогнат. Така, цел месец се потпирам на купони за храна затоа што парите не стигнаа“.

По контактот со Националната лотарија, г-дин Дејли рече: „Јас освоив 673 евра, и секој пат кога ќе им се јавам, добивам различна приказна. Јас играв лотарија 10 години, трошејќи по 12 евра неделно, што е 1.248 евра секоја година. Конечно освоив 673 евра, а тие не ми ги даваат“.

Лотаријата изјави дека контактирале со пензионерот за да го уверат дека неговата добивка ќе биде исплатена наскоро, но г-дин Дејли сè уште се наоѓа во тешка ситуација. Тој додаде: „Не можам да си дозволам да се ишишам, ми требаат нови чевли.” Не можам ништо да си дозволам затоа што ги потрошив моите пари за да го платам осигурувањето за автомобилот, мислејќи дека ќе ги добијам парите од лотаријата за 10 дена. Заглавен сум дома, не можам да си дозволам да одам никаде, не можам да си дозволам да трошам гориво. Ми требаат овие пари. Јас се мачам. Овие пари прават разлика помеѓу само да преживувам или не.“

 

Портпаролот на операторот на лотаријата, Алвин, изјави: „Многу ни е жал што ги слушнавме изразените грижи и колегите сега му се јавија на г-дин Дејли со нови информации. Ние успешно обработуваме стотици – понекогаш и илјадници – барања за добивки секоја недела“.

Сепак, портпаролот изјави дека задоцнувањето делумно е по вина на Кралската пошта: „Ова е поради ревидиран процес на барање кој моравме да го воведеме на почетокот на оваа година откако Поштата одлучи повеќе да не ги исплаќа наградите од Националната лотарија во износ од 500,01 до 50.000 фунти (или околу 585 до 58.500 евра). За жал, мал број од овие барања се одложени поради различни причини“.

Портпаролот исто така додаде дека Националната лотарија работи на подобрување на нивниот процес на барање и сакаат да ги уверат добитниците дека тие „дефинитивно ќе ги добијат“ своите наградни пари.

  • Vasil напиша:

    Toa sto ti e vo raka toa e sigurno drugoto e
    Mizi Aso da ti bajam !!!

  • Жика техника напиша:

    БЕЗ МОТИКА НЕМА ЛЕБ.
    БРЗИ ПАРИ, БРЗИ ИЗМАМИ.
    ДОБИЈ ПАРИ … ПА ЧЕСТИ.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *