Пензионери рекреираат насловни од познати албуми за да се справат со стресот за време на карантинот

Иако карантинот беше тешко искуство за сите, веројатно е полошо за оние што живеат во домови за нега, кои не биле во можност да примаат посети од најблиските во последните четири месеци. Сепак еден дом за стари лица смислил начин како да ги развесели своите жители. Луѓето кои престојуваат во „Sydmar Lodge Care Home“ во Северен Лондон, ги рекреираат иконите на насловните на албумите докажувајќи дека никогаш не е доцна да се стане рок-ѕвезда.

Пензионерите и персоналот се претворија во музички икони како Дејвид Боуви, Мадона, Адел, The Clash, Queen, Тејлор Свифт и многу други во низа брилијантни фотографии. Активноста ја водеше координаторот за активности на домот за нега, Роберт Спекер, кој сакаше старите лица да останат зафатени додека не биле во можност да поминуваат време со своите семејства.

Роберт ги објавил фотографиите на Твитер и тие стекнале моментална популарност. Тие планираат својот забавен проект да го претворат и во календар.