Пензионирана двојка освоила 29 милиони долари, откако го пробила „кодот“ на лотото со неколку математички операции

Брачен пар освоил огромни 29 милиони долари на лотарија откако го „пробиле кодот“.

Џери и Марџ Селби, од Еварт во Мичиген, успеале да ја постигнат огромната победа по неколку години, откако нашле правна дупка во две различни игри на лотарија. Двојката планирала да се пензионира од играњето лото во нивните 60-ти години, но во 2003 година, сè се промени кога Џери се појавил во продавницата на аголот која порано ја поседувал. Тој забележал нова лотарија и забележал дека има „специјална карактеристика“ наречена „rolldown“.

 

 

 

Џери – кој има диплома по математика – рече дека му биле потребни само три минути да го „пробие нејзиниот код“, пред да освои милиони. Форматот на играта функционирал поинаку од вообичаените лотарии. Различно од стандардното правило каде што џекпотот продолжува да се зголемува додека некој не ги погоди сите шест броеви – сега ако џекпотот достигнел 5 милиони долари и никој не ги погодел сите шест броеви, сите пари „се спуштаат“ до добитниците на награди од пониско ниво, кои се совпаднуваат со пет, четири или три броја.

 

 

Подвизите на Џери станаа тема на долгометражниот филм наречен „Jerry & Marge Go Large“ – кој беше објавен во 2022 година и во кој глуми Брајан Кранстон.

Џери изјави за „CBS“: „Реков ако играм математички со 1.100 долари, ќе имам едно добитно со 4 броеви, тоа се 1.000 долари. Знаев дека ќе имам или 18 или 19 добитни со 3 броеви и тоа е по 50 долари. Значи, инвестирав 1.100 долари и имам поврат од 1.900 долари“.

Не им требаше многу време на Џери и Марџ за да почнат да играат за илјадници: „Изигравме 515.000 долари и вративме 853.000 долари“.

 

 

Сепак, работите се сменија кога Мичиген ненадејно ја затвори лотаријата во 2005 година. Но, како што се затвора една врата се отвора друга и парот успеа да најде речиси идентична игра во Масачусетс наречена Кеш Винфал каде што можеа да заработат уште повеќе.

Двојката возеже до 1000 километри до државата секој пат кога ќе имаше „Rolldown“ и купуваше стотици билети во две локални продавници.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *