Пеперутките од видот Ванеса Кардуи ги имаат едни од најјаките крилја на светот – можат да прелетаат над 4000 километри над Атлантскиот океан без пауза!

Првото светско истражување покажа дека пеперутката Ванеса кардуи (насликана пеперутка) може да го помине вториот по големина океан во светот, Атлантикот, поминувајќи 4.200 километри за само пет до осум дена. Патувањето, тврдат истражувачите, „е меѓу најдолгите документирани за поединечни инсекти и потенцијално првиот потврден прекуокеански премин“. Неверојатното откритие е направено по повеќе од една деценија мистерија.

 

 

 

Сè започна во 2013 година, кога јато уморни пеперутки слетале на плажите на Француска Гвајана со искинати крилја. Ентомологот Жерар Талавера, кој ги пронашол инсектите како одмораат на песокот едно октомвриско утро, бил шокиран. Овие пеперутки биле вообичаен вид со стабилни популации кои се наоѓаат на секој континент, освен на Антарктикот и Јужна Америка.

Со години Талавера се прашувал како инсектите стигнале во Јужна Америка и од каде дошле? Конечно тој има одговор. Анализирајќи ја ДНК од поленот оставен на пеперутките, Талавера и неговите колеги од Ботаничкиот институт во Барселона покажаа дека ова изгубено јато веројатно долетало од субсахарска Африка, откако направиле случајно патување преку Атлантикот. Се чини дека возрасните инсекти биле зафатени од силен ветер во 2013 година и однесени на 4.200 километри настрана од траекторијата.

Судејќи според ветровите таа година, патувањето на пеперутките ќе им одзело околу пет до осум дена. Немајќи каде да слетаат, инсектите би морале да ги користат своите крилја умерено. Без помош на моќни ветрови, истражувачите теоретизираат дека јатото би поминало само околу 780 километри пред да ја потроши целата своја енергија и да загине.

Пеперутката монарх (Danaus plexippus) е светски позната по својата миграција долга речиси 5.000 километри, која ја прави секоја година од Северна Америка до Мексико. Некои студии сугерираат дека една генерација може да мигрира повеќе од 4.000 километри.

Откриено е дека крилјата на „насликаните пеперутки“ во Француска Гвајана содржат изотопи кои сугерираат дека се родени во Западна Европа. Ова значи дека јатото можеби поминало повеќе од 7.000 километри во еден живот, посетувајќи не помалку од три континенти.

„Тоа е првпат оваа комбинација на молекуларни техники, вклучувајќи геолокација на изотоп и метабаркодирање на полен, да се тестира на миграциски инсекти“, вели геохемичарот Клемент Батај од Универзитетот во Отава во Канада.

 

 

 

„Резултатите се многу ветувачки и преносливи на многу други видови на миграциски инсекти. Техниката треба фундаментално да го трансформира нашето разбирање за миграцијата на инсектите“.

Додека миграцијата на долги растојанија од Европа во Африка или Северна Америка до Централна Америка е несомнено импресивна, има и многу места каде пеперутките можат да застанат помеѓу нив и да „наполнат гориво“. Преминувањето на океанот е сосема друг предизвик. Всушност, нивната мала големина им дава предност. Тоа им овозможува на видовите да се нишаат по ветровите, понекогаш со брзина од 48 километри на час.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *