Перики, маски, лажни авионски билети: Епско запросување за кое сонува секоја девојка

Совршеното запросување се подготвувало седум месеци и конечно се случило на концерт.

Мет Либо ги договорил родителите на неговата девојка Џесика Мастерс да долетаат тајно од Минесота и да присуствуваат на концертот заедно со четворица нивни пријатели во перики и маскирани, седејќи само неколку редови зад нив, и да се откријат во моментот откако тој го поставил прашањето.

Скролајте надолу за видео

 

Идната невеста немала поим дека некој вакво „само во соништата“ запросување ќе ѝ се случи на 12 јули.

„Воопшто не ги видов“, изјави 36-годишната Џесика.

Мет, 40, рече дека маските биле клучни за успехот на изненадувањето.

Џесика – чија магистерска теза од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон била иронично насловена „Смртта на кавалерството“ – рече дека имала наплив на среќни чувства и многу емоции, посебно и поради тоа дека нејзиното семејство присуствувало на чинот.

Сепак, Мет призна дека го фаќало паника целото утро додека да стигнат на концертот.

„Толку време се подготвував и стигнав до утрото кога требаше да се случи сето тоа и едноставно почна да ме фаќаат паники. Постојано се плашев дека прстенот ќе испадне од кутијата“.

 

Мет го чувал свршеничкиот прстен на Џесика, наследство дадено од нејзиниот татко Дин, кое првично ѝ припаѓал на нејзината прабаба, во кутија што тој ја изработил рачно од даб во чест на нивното сакано покојно куче Скипи.

Мет рече дека размислувал да го чува прстенот безбедно и да ѝ го достави на Џесика како „последна мисија на Скипи“.

 

Откако сè било на свое место, Мет знаел дека конечно мора да го постави големото прашање на Џесика.

„Седам таму и гледам лево и десно и сите зјапаат во нас и чекаат спремни со телефоните“, рече Мет за моментот на вистината.

Кога Мет почнал да ја запросува, Џесика не забележала и била изнервирана што ѝ зборува баш на нејзината омилена песна кога бендот почнал да пее.

„Бев како: „Зошто се обидуваш да разговараш со мене сега? “ се присети таа со насмевка.

Но, Мет на крајот стигна до неа – и Џесика рече да!

Тоа е моментот кога родителите и пријателите на Џесика ги отстранија своите маски и се упатија кон шокираната Џесика, додека воодушевената толпа гледачи аплаудираше. Џесика беше целосно заслепена.

 

Мет го избрал стадионот Форест Хилс како локација бидејќи тоа било местото каде парот официјално се сретнал.

Во меѓувреме, штом Мет знаел кога и каде ќе ја запроси, сфатил дека прво треба да побара дозвола од нејзиниот татко Дин, пензиониран мајор во американските воздухопловни сили, бидејќи на Џесика и на нејзиниот татко им било „многу важно“ да го стори тоа.

Мет реши да го изненади и него.

„Мет ме праша на крајот на февруари, Дин не беше во тек до 2-ри јуни“, рече Џери, мајката на Џесика, „Никогаш не сум лажела толку многу во мојот живот“, додаде таа.

 

Кога Мет одлетал во Минесота за да побара дозвола од Дин, тој ѝ рекол на Џесика дека ќе оди во Лос Анџелес да работи на куклена претстава, па дури и направил фотошоп лажен авионски билет и хотелска маршрута.

Дин бил воодушевен кога Мет ненајавено се појавил во својот дом за да побара дозвола да се ожени со неговата ќерка.

„За мене, тоа беше фантастична работа, се прегрнавме и му дадов дозвола. Не можев да кажам не, тоа би било многу скапо не“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *