Персоналот на болница во Барселона им оддава почит на чистачите за нивниот заборавен придонес

Додека милиони луѓе ширум светот работат од дома во обид да го спречат ширењето на коронавирус, многу луѓе не можат да си го дозволат тој луксуз. Лекарите и медицинските сестри се борат со пандемијата COVID-19 на првите редови; вработените во супермаркетите обезбедуваат полни полици за да можеме да се прехраниме, а наставниците се погрижија дека нашите деца ќе имаат пристап до сите ресурси за учење што им се потребни за да ја завршат учебната година.

Сите ги препознаваме вредните придонеси од групите наведени погоре во текот на оваа јавна здравствена криза, но една група постојано се заборава: персоналот за чистење, кој игра важна улога за да се осигура дека сите области во болниците се чисти и безбедни за пациентите. Сепак на една болница ѝ текна да им одаде признание и на хигиеничарите.

Медицинскиот персонал од болницата „Сан Хуан де Деу“ во Барселона даде огромен аплауз за хигиеничарите и помогна и останатите луѓе да го препознаат големото значење на работатат на овие луѓе.