Персоналот во авион успешно излезе од „леплива“ ситуација со бесен 13-годишник кој сакал да го скрши прозорецот

На снимката снимена на авион се гледа како стјуард користи леплива лента за да го задржи 13-годишното момче на своето место, откако наводно се обидело да го шутне прозорецот.

Инцидентот се случил во вторникот, 10 август, околу еден час по летот на „Американ ерлајнс“, кој патувал од хавајскиот остров Мауи кон Лос Анџелес.

Сведоци во авионот тврдат дека 13-годишното момче, кое патувало со мајка му, се обидело да го шутне прозорецот до неговото седиште и станало насилно со својата мајка пред другите луѓе да се обидат да го спречат.

American Airlines staff duct tape 13-year-old boy after trying to kick out window

Авионот, кој тргнал од Мауи во 12:30 часот по локално време, првично требало да слета во Лос Анџелес пет часа подоцна, меѓутоа, поради инцидентот, летот бил пренасочен од Лос Анџелес до Хонолулу.

Откако авионот слетал, 13-годишникот бил приведен.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!