Пешачењето може да спречи развој на 13 видови рак – еве колку чекори на ден се потребни
Во денешниот сè поседечки начин Пешачењето може да спречи развој на 13 видови рак – еве колку чекори на ден се потребнина живот, долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни заболувања, вклучително и рак. Но, може ли нешто толку едноставно како одењето да понуди вистинска заштита?
Истражување од Универзитетот во Оксфорд, во кое учествувале над 85.000 лица, покажува дека колку повеќе чекори прави човек дневно, толку е помал ризикот од развој на до 13 видови рак. Учесниците носеле уреди за мерење на физичка активност, а податоците биле следени во просек шест години. Резултатите покажале дека ризикот од рак почнува значително да се намалува при околу 5.000 чекори дневно, со забележително намалување од 11% при 7.000 чекори и 16% при 9.000 чекори. Над оваа бројка, ефектот се стабилизирал.
Резултатите се исти без разлика на некои ризик фактори
Ризикот од рак бил најмногу намален кај гастричен, мочен, црнодробен, ендометријален, белодробен и рак на глава и врат. Овие врски останале значајни дури и по земање предвид на фактори како возраст, пол, телесна тежина и животни навики.
Интензитетот на одењето (брзината) бил исто така анализиран, но кога биле вклучени и вкупните нивоа на активност, брзината не играла значајна улога – клучна била вкупната количина на движење. Дури и замена на седење со лесна активност давала позитивен ефект.
Седи помалку – движи се повеќе
Истражувањето има посебна вредност бидејќи се базира на реални податоци од носливи уреди, а не на самооценки, кои често се неточни. Исто така, не се фокусира само на интензивни вежби, туку покажува дека дури и лесно одење може да направи разлика, особено за оние што не се во можност да практикуваат тежок тренинг.
Само 40 минути дневно лесно одење – околу 4.000 чекори – може значајно да придонесе кон подобро здравје. Одењето може да се распредели низ денот: со одење по скали, прошетки во паузи или додека се зборува на телефон.
Пораката е јасна: седи помалку, движи се повеќе – и можеби ќе чекориш кон подобро здравје.
Коментирај анонимно