ПЕТ ЛАВА ИЗБЕГАА од зоолошка во Сиднеј, туристи биле сместени само на неколку метри од местото на настанот, додека полицијата трагала по нив
Пет лава избегаа од своето заградено место во зоолошката градина Таронга во Сиднеј, на само неколку метри од местото каде што туристите спиеја во шатори како дел од искуството „Roar“.
Алармите се огласиле низ зоолошката градина непосредно пред 7.30 часот во средата кога било издадено предупредување од прв степен. На сите вработени им било наредено да побрзаат во „безбедно засолниште“ подалеку од животните.

Алармите од „Code One“ се пуштаат кога „опасно животно“ ќе избега или предизвика алармантна ситуација.
Нејасно е како лавовите, кои на крајот биле фатени, избегале од заградениот простор. Зоолошката градина „Таронга“ во соопштение рече дека денеска ќе биде отворена најнормално.
„Зоолошката градина има строги безбедносни протоколи за ваков инцидент. Сите лица на лице место се преместени во безбедни зони и нема повредени гости или персонал.

Лавовите побегнале од нивното заградено место, недалеку од терминалот за траекти во зоолошката градина, пред туристичката атракција да ги отвори портите тој ден, што значи дека имало само работници.
Посетителите од Глостершир, Велика Британија, Кирсти, Стјуарт и Изабел Мекларен рекоа дека не се вознемирени бидејќи им било кажано дека можат слободно да шетаат низ целата зоолошка градина откако ќе се отвори во 9.30 часот.
„Тука сме само за да ги видиме коалите“, рече Кирсти.
Популарната атракција „Roar and Snore“ во зоолошката градина, каде што луѓето можат да спијат во луксузни шатори и да ги гледаат животните навечер и рано наутро, е исто така во близина.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно