Пет реченици што треба да престанеме да ги кажуваме кога ќе добиеме комплимент
Доколку случајно сте премногу скромни и ви паѓа тешко кога ќе добиете комплимент ви пренесуваме пет реченици кои треба да се обидете да ги избегнете следниот пат кога некој ќе ви каже убав збор.
1. Навистина? Мислам дека реков „но“ сто пати за време на презентацијата.
Кога барате дополнителен комплимент, испраќате порака дека не сте сигурни во вашата работа. Верувајте дека заслужувате пофалба и не спомнувајте веднаш никаква негативност за себе, како на пример одредена грешка или пропуст. Секогаш реагирајте подеднакво на комплимент. Насмевнете се и кажете „благодарам“.
2. Нема шанси, тоа не е вистина
Кога некој ќе ве потсети колку сте одлични, тоа е како пријателски подарок кој е тешко да се одбие. Ако не знаете како да реагирате или да го намалите комплиментот, тогаш ѝ праќате порака на другата личност дека не ја почитувате нејзината проценка и мислењето што таа ви го дала. Со негирање на комплимент тоа е исто како да кажете „не си во право“ наместо „благодарам“.
3. Само што го следев рецептот.
Иако сакате веднаш да преминете на друга тема за разговор, бидете свесни за вашите квалитети. Комплиментот е потсетник за нешто што сте го направиле добро и треба да научите да го примате со насмевка на лицето.
Ако пофалбите се на сметка на готвењето, сигурно сте потрошиле време проучувајќи го рецептот и подготвувајќи се да готвите убаво јадење. Преземете ги заслугите за вашите напори наместо да го намалувате вашиот успех.
4. Моите деца не се однесуваат ни приближно убаво како твоите.
Одолејте се на нагонот веднаш да вклучите убав збор во непријатни ситуации. Тоа може да звучи неискрено. На комплиментот реагирајте природно и не го давајте автоматски за да си го одвлечете вниманието.
5. Користење на премногу зборови
Ако некој ви даде комплимент за време на вечера дека е убаво да се биде со вас затоа што сте многу комуникативни и допадливи, а вие само продолжите да дрдорите, тоа може да алудира на фактот дека мислите дека не го заслужувате тој комплимент. Не кажувајте многу други зборови во моментот, туку едноставно заблагодарете им се за комплиментот.