Петгодишно момче кое секое утро и кажува на својата тригодишна сестра дека е убава, ги освојува срцата на милиони со нивниот сладок секојдневен ритуал

Петгодишно момче кое секое утро и кажува на својата тригодишна сестра дека е „убава“ ги освои срцата на милиони луѓе.

Казим и Грејс Олдел, од Охајо, имаат повеќе од 150.000 следбеници на „TikTok“, каде што нивната мајка, гордо објавува видеа од нивните преслатки интеракции.

 

 

„Тие се најдобри пријатели“, изјави нивната мајка.
Добро утро, Казим“, му вели Грејс на својот брат додека го чека да стане од креветот. „Добро утро, Грејс“, одговара тој.

Грејс е загрижена што окото на нејзиниот брат е црвено, но тој објаснува дека едноставно изгледа така затоа што спиел. Потоа се наведнува и ја прегрнува.

„Убава си, Грејс“, ѝ вели тој.

„Благодарам“, одговара таа.

 

 

 

Оригиналното видео што беше објавено на „TikTok“ минатиот месец содржи дополнителна снимка од Грејс како дува во окото на нејзиниот брат затоа што таа сè уште е загрижена дека е црвено.

„Казим секогаш и кажува на Грејс дека е убава наутро“, напишала нивната мајка во описот, додавајќи дека „тие се најслатки“.
Клипот од 34 секунди доби повеќе од 52.000 коментари од обожавателите кои не можат да се наситат од нивната посебна врска.

На друго кратко видео, Казим се гледа како ја гушка својата помала сестра и ѝ дава петка за да ја расположи бидејќи не се чувствува добро.

 

 

„Сестра ми е тажна, па дојдов да се грижам за неа“, објаснува тој.

Братот и сестрата сакаат да поминуваат време еден со друг, а Казим сериозно ја сфаќа улогата на голем брат на Грејс. Често се милува со неа и ѝ чита.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *