Петкратна олимпијка од Венецуела пронајдена мртва во нејзиниот стан откако се „задушила од храна“

Даниела Лареал Чиринос, 50-годишна Венецуелка и петкратна олимпијка, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лас Вегас, откако наводно се задавила со храна. Чиринос, која учествуваше во велосипедизам на Олимпијадите од 1992 до 2012 година, беше откриена во петокот, 16 август, откако загрижени колеги ги контактирале властите кога не се појавила на работа во еден хотел.

 

Полицијата ја пронашла во нејзиниот стан, а првичниот резултат од обдукцијата открил остатоци од храна во нејзиното грло, што укажува дека можеби се задавила. Сепак, причината за смртта сè уште не е официјално потврдена од локалната полиција.

 

 

И покрај тоа што беше една од најуспешните спортисти на Венецуела, Чиринос никогаш не освоила олимписки медал. Таа освои сребрен медал на Централноамериканските игри во 1990 година, две сребра на Панамериканските игри во 2003 година, три злата и едно сребро на Централноамериканските и Карипските игри во 2002 година и две злата на Панамериканските игри во 2011 година. Чиринос продолжи да се натпреварува до 2014 година, освојувајќи злато во спринт и тимски спринт на Јужноамериканските игри.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *