Петмина чудесно преживеале 36 часа во мочуриште „опкружени со алигатори“ по авионска несреќа

Група луѓе кои останале заглавени во вода преполна со алигатори откако нивниот авион морал итно да слета, конечно биле спасени во петокот — по 36 часови минати во сурови услови.

 

Петтемина преживеани биле пронајдени на покривот на малиот авион, кој исчезнал од радарот во департманот Бени, во централна Боливија.

Станува збор за три жени, едно дете и 29-годишниот пилот, кои биле откриени од рибари во регионот Амазонија во Боливија и биле во „одлична состојба“, изјави Вилсон Авила, директор на Центарот за итни операции на департманот Бени, за Би-Би-Си.

 

5 rescued after plane crashes into alligator swamp in Bolivia

Иако алигаторите биле на помалку од три метри од нив, протекувањето на горивото во водата можеби ги одвратило да не се приближат.

„Не можевме да пиеме вода, ниту да се поместиме некаде поради алигаторите,“ изјави пилотот Андрес Веларде.

Откажување на моторот било причината што авионот морал итно да слета во мочуриште близу реката Итаномас, за време на лет од Баурес во северна Боливија кон Тринидад. За време на тешкото искуство, патниците преживеале јадејќи маниока брашно кое една од жените го понела за патот.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *