Петмина обвинети за смртта на Лиам Пејн: Пријателот на пејачот и тројца други осомничени за „убиство од небрежност“
Пет лица се обвинети за смртта на пејачот Лиам Пејн, член на групата „One Direction“, кој трагично го загуби животот на 16 октомври во хотелот CasaSur Palermo во Буенос Аирес, Аргентина.
Рохелио „Роџер“ Норес, близок пријател на пејачот, е обвинет за убиство од небрежност. Тој тврди дека го напуштил Лиам најмалку 40 минути пред трагедијата и дека не го оставил сам. Норес не е во притвор, но му е забрането да ја напушти Аргентина.
Двајца вработени во хотелот, Брајан Паиз и Езекиел Переира, се обвинети за снабдување со наркотици. Паиз, кој признал дека користел дрога заедно со пејачот, и Переира, кој наводно доставувал кокаин во кутија од сапун, се во притвор.
Менаџерите на хотелот, Гилда Мартин и Естебан Граси, се обвинети за убиство од небрежност. Тие се осомничени дека не презеле мерки за да го спречат снабдувањето со дрога во хотелот.
Смртта на Лиам Пејн
Лиам Пејн почина откако падна од балконот на третиот кат во хотелот. Неговата соба била уништена, а обдукцијата покажала дека бил под дејство на алкохол, кокаин и антидепресиви.
Истрагата исклучи самоубиство и утврди дека пејачот бил во состојба на „полу или целосна несвесност“ кога паднал.
Сведоци и доказни материјали укажуваат на тоа дека Пејн барал алкохол и кокаин од хотелскиот персонал. Притоа, навредил еден од вработените кој одбил да му помогне.
Еден од обвинетите, Езекиел Переира, е осомничен дека во два наврати му доставил кокаин на пејачот. Исто така, се истражуваат и наводите дека други дилери учествувале во снабдувањето со наркотици.
Трагедијата ја шокираше јавноста, а истрагата е во тек. Девојката на Лиам, Кејт Касиди, која била со него два дена пред неговата смрт, доброволно ќе даде изјава за да помогне во истрагата. Таа изјавила дека сака „виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата“.
Смртта на Лиам остави длабока трага кај неговото семејство, обожавателите и оние што се бореле да му помогнат во неговата битка со зависноста.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно