Петте најопасни езера во светот: Од течен Чернобил до вода која мумифицира
Кога некој ќе каже езеро сите замислуваме чисти води како нашето Охридско езеро, мир, спокој и идеално место за одмор. Но, сепак не се сите езера вакви, некои се „пекол на Земјата“, а ние ви ги издвоивме едни од најопасните.
1. Езеро Натрон: езеро кое претвора во мумија

Езерото во Танзанија е примамливо на прв поглед, но обидете се да ги контролирате вашите „гладни очи“. Не без причина е прогласено за едно од најстрашните езера во светот. Имено, се што доаѓа во допир со водата, како проклетство, се претвора во камен. Тоа не значи дека од него излегуваат скулптури од камен, туку процесот е малку пософистициран. Но, ако потонете во езеро, вашето тело ќе се „мумифицира“ и ќе остане во таа положба, недопрено. Поради големото количество сол и минерали, езерото има толку висока алкалност што научниците ги споредиле резултатите со pH вредностите на амонијакот. И само неговото име доаѓа од хемикалијата натрон.
Некои сепак успеаја да преживеат во овие услови. На пример, ендемични алги, па дури и некои видови риби. Околу езерото живеат бројни видови птици, вклучувајќи го и слаткото фламинго. А кога нивото на водата паѓа во суви и топли периоди, скаменетите трупови на помалку среќните птици кои завршиле во оваа фатална вода остануваат на брегот…
2. Езеро Моно: Фалете го езерото, држете се до земјата!

Моно во Калифорнија е едно од најстарите и најотровните американски езера. Полно со отровен арсен, трипати посолено од океанот, полно со камени „кули“ кои излегуваат од него – сепак вреди да го посетите? Доколку одлучите да ризикувате ве советуваме да му се восхитувате од безбедно растојание. Езерото е толку опасно што било „принудено“ да формира сосема нов живот во вид на микроорганизми кои имаат различна биохемија за да можат да преживеат. Во ова езеро нема риби.
3. Езерото Карачај: Течен Чернобил која убива за еден час

Штом ќе слушнете дека ова некогаш била депонија за складирање на радиоактивен отпад од блиската фабрика во Советскиот Сојуз, знаете колку е часот. Се проценува дека отпадниот талог на дното е дебел дури три метри. Малото руско езеро денеска е прогласено за едно од најзагадените места во светот, а конкуренцијата е голема. Количината на зрачење овде е доволна за да се изложи човекот на смртоносна доза на зрачење за само еден час.
4. Езеро Киву: Експлозивно езеро

Сместено на границата на Конго и Руанда, ова езеро содржи толку многу гас што во случај на ерупција може да убие милиони луѓе. Имено, во него се акумулира големо количество гас, кој би можел да „експлодира“ во случај на земјотрес или вулканска ерупција, па не е чудно што го нарекуваат темпирана бомба. Микроорганизмите кои инаку би го „разградиле“ јаглеродниот диоксид, па гасовите во меурчиња би излегле на површината на водата – не се доволни, особено поради длабочината на езерото, што создава голем притисок.
5. Новосибирски Малдиви: Инстаграм пекол

Неговата впечатлива тиркизна боја е она што го направи познат на Инстаграм и му го донесе прекарот Руски или Новосибирски Малдиви. Многумина се запрашаа која е тајната на оваа хипнотизирачка боја и тропска атмосфера на неочекувана локација. Да знаеја, веројатно ќе го избегнат. Или пак можеби не?
Дури и кога се покажа дека езерото е токсично и полно со хемикалии од блиската електрана, луѓето постојано доаѓаа. Некои добија ужасен осип што не исчезнуваше со недели, но тоа очигледно не беше доволно за да ги спречи другите да доаѓаат редовно на излети, па дури и да пливаат…
