Пијана 20-годишна девојка им се „нудела“ на патниците во авионот и за тоа ќе си ја одлежи казната
20-годишната Деми Бартон имала „непристојна понуда“ за двајца мажи во авионот додека летала на осумчасовниот лет од Абу Даби кон Манчестер.
Дотогаш Деми веќе испила неколку чаши црвено вино. Откако екипажот не сакал да ѝ даде повеќе алкохол таа ги кренала тупаниците и им велела: „Епа можете да го слетате авионот сега!“
Таа во период од 4 часа ги малтретирала патниците нудејќи им се*с, а исто така насилно и навредливо се однесувала кон вработените во „Етихад“. Потребни биле 6 членови на екипажот и некои од патниците за да ја смират пијаната жена, која веднаш била уапсена откако слетале во Манчестер.
Еден патник анестезионолг бил каснат за лактот и удрен со глава, како и една стјуардеса, а додека останатите патници биле удрени во ребрата и лицето. Бартон, од Карингтон, во близина на Манчестер, патувала дома од тримесечно патување во Австралија, каде што била во посета на семејството.
Таа тврди дека пиела затоа што имала страв од летање. Сепак жената доби 6-месечна казна затвор, но според фотографиите кои ги направиле новинарите таа сѐ уште се однесува „бунтовно“.