Пијана жена удри во карпа со 100км на час, леташе во воздух, но сетоа тоа неа не ја „потресе“

BMW е фатено на камера како лета во воздух во Лонг Бич, Калифорнија, во 2 часот наутро. Автомобилот се „сопнал“ на карпа која се нашла на патот. 27-годишната Марисела Овале го возела автомобилот со голема брзина и згора на тоа била пијана.

Веднаш по несреќата луѓето кои живееле во близина излегле да видат што се случило, а Марисела излегла од автомобилот, се однесувала како да „не ѝ е гајле“ седнала на земјата и си запалила цигара. Неколку автомобили се оштетени, но зачудувачки нема повредени. Марисела е во притвор поради возење во алкохолизирана состојба.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!