Пица мајсторот го уапсиле затоа што наместо додаток кечап, на своите редовни муштерии им ставал нешто бело

„Ало, ако може една пица БРОЈ 40 од менито.“

Во Дизелдорф, 36-годишен пица мајстор се нашол во голема неволја. Клиентите кои нарачувале пица „број 40“ од менито не добивале само дополнителен прелив, туку и доза кокаин. Изненадувачки, според полицијата, оваа била една од најпродаваните пици на менито. Сè за задоволство на клиентите!

Пицеријата се наоѓала во центарот на Дизелдорф, каде сопственикот набрзина се обидел да фрли пакет со дрога низ прозорецот при неговото апсење. За негова несреќа, полицијата веќе била долу. Запленети се вкупно 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и скромна количина од 268.000 евра во кеш.

Забавата не заврши тука, бидејќи понатамошната истрага доведе до уште повеќе операции со дрога во регионот. Полицијата успеа да идентификува 15 осомничени и изврши рации во Северна Рајна-Вестфалија, вклучително и во Дизелдорф. Секако, како што често се случува, нашле и оружје, пари и колекција луксузни часовници.

Според германскиот весник „Билд“, овој специјален бизнис план изгледа е инспириран од филмот „Ламбок“ од 2001 година, во кој двајца пријатели нудат и дополнителна „зелена“ услуга како доставувачи за пица. Погледнете го трејлерот подолу.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *