Пицерија го користи вишокот на тесто за да направат леб за бездомниците
Синџирот на пицерии со седиште во Велика Британија, Франко Манка објави новогодишна иницијатива тестото кое што ќе им остане да го претворат во леб за бездомници. Бидејќи пицата ја прават од свежо тесто најчесто тестото кое што ќе им преостане оди во отпад.
Како дел од плановите на Франко Манка да го намали отпадот од храна компанијата одлучи наместо тоа да ги користи преостанатите состојки за да се направи свеж леб, кој ќе се дистрибуира во локалните јавни кујни, хуманитарни организации и згрижувачки центри низ Велика Британија за да им помогнат на оние кои имаат потреба од помош.
Шемата е лансирана на 9 декември и ќе продолжи во текот на целата година, како една од бројните иницијативи за намалување на отпадот на Франко Манка, кои вклучуваат рекламирање дополнителни додатоци за намалување на отпадот од состојки, охрабрување на клиентите да си го носат јадењето што ќе им остане и редовно донираат во банки за храна.
Освен правењето на леб, компанијата вети дека ќе донира бесплатни пици за оние на кои најмногу им се потребни во текот на месец декември; потег што стана традиција за Франко Манка во изминатите неколку години.
И покрај тоа што донирале 20.000 пици минатата година, компанијата го продолжи ветувањето оваа година и планира да даде неверојатни 40.000 пици.