Пијан човек што се борел со мечка во зоолошката градина во Варшава доби казна од 6.000 евра, но НЕ за тепачката

Пијан човек ја прескокнал оградата на мечките во зоолошката градина во Варшава, Полска и почнал да се бори со една од мечките. 23-годишниот, кој што слободно можеме да го наречеме идиот, се фрлил врз мечката Сабина и се обидел и да ја удави. Секако тој добил голема казна од над 6.000 евра, но не за тоа што мислите.

Сега, пријавено е дека на човекот му била врачена парична казна од 6.000 евра за не носење маска, а дополнителна казна од 200 евра за суровост кон животните и нарушување на мирот, по инцидентот, што се случи во Зоолошката градина во Варшава веднаш откако беа олабавени мерките. Исто така 20 часа во месецот треба да помине во служба на заедницата, како и да оди на терапии за одвикнување од алкохол.

Портпаролот на зоолошката градина, Ен Карчевска, рече дека човекот имал среќа што е сѐ уште жив бидејќи Сабина била единствената мечка која се упатила кон човекот, иако имало и други мечки. Тој излегол од „борбата“ со лесни телесни повреди.

„Порано припаѓаше на циркус и навикната е на присуството на луѓе, но апсолутно не очекуваше напад од човекот. Сабина, стара мечка, која беше нападната од возрасен човек, физички излезе од овој настан непоразена, но таа е под голем стрес.“, вели Карчевска.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!