Пијан маж легално си го променил името во најсмешната можна опција, а потоа заборавил на тоа
Почнувајќи со 2021 година многу луѓе ја следат мантрата „Нова година, нов јас“, а овој човек тоа го сфатил сосема буквално. Претходно именуван како Томас Дод, 30-годишниот законски си го променил своето име додека уживал во алкохолот за време на празничниот период.
„Екс Томас“ отишол да си го смени името во „Селин Дион“ откако ја слушал пејачката како го изведува нејзиниот познат хит „My Heart Will Go On“. Суперфанот на Селин Дион платил 100 евра за легално да си го смени името и бидејќи бил мртов пијан заборавил дека го направил тоа, се додека не му стигнале потврдите.
![]()
Томас, сега г-дин Селин Дион, се опиша себеси како „опседнат“ со пејачката и за малку ќе се онесвестел кога го добил писмото за промена на име. „Јас сум малку опседнат со неа, нема да лажам. За време на заклучувањето, гледав многу концерти на ТВ. Можам само да претпоставам дека сум гледал нејзин настап и по неколку пијалоци сум добил ‘одлична идеја’“.
![]()
„Влегов од работа и имаше голем бел плик со натпис ‘не превиткувај’. За малку ќе се онесвестив во мојата кујна кога го отворив. Првата грижа ми беше, како по ѓаволите да му кажам на одделот за човечки ресурси на работа дека треба да ја сменам службената е-пошта?“, објаснува господин Селин Дион.

Сепак Томас ја сфаќа смешната страна на приказната и вели дека му е мило што успеал да ги насмее луѓето на своја сметка. Тој не изјавил кога точно планира да си го врати името.
