Пилот после несреќа оди во индијанско село (виц)

Во едно индијанско селце доаѓа бледолик. Тој му вели на главатарот:
– Доаѓам во мир! Летав со голема железна птица, но таа се запали. Ја загубив и кожата што зборува, па не знам каде се наоѓам. Може ли да добијам од вас храна и огнена вода?
Главатарот му одговорил:
– Да, разбирам дека си доживеал авионска несреќа. Ми стана јасно дека си ја загубил географската карта. И да, ќе ти дадеме храна и виски, само одговори ми на едно прашање. Штом знаеш да управуваш со авион и да читаш карта, зошто зборуваш како да имаш пречки во психо-физичкиот развој?