Пилотот, кој се „обиде да убие“ 83 патници во авион, затоа што бил под дејство на магични печурки, раскажа што навистина мислел во тие фатални 30 секунди

Пилотот кој „се обиде да урне авион“ со 83 луѓе, откако земал магични печурки, откри што му се вртело низ глава кога се обидел да го спушти летот на „Алјаска ерлајнс“.

Џозеф Дејвид Емерсон тврди дека бил „целосно убеден“ дека она што го доживувал додека седел во пилотската кабина е сон и дека влечењето на црвената рачка што го оневозможува моторот е единственото нешто што ќе го разбудело. Но, откако ја вратил контролата врз реалноста, набрзо сфатил дека тоа е повеќе нешто како жив кошмар.

 

 

 

44-годишниот пилот не бил на должност и седел зад капетанот и првиот офицер на летот 2059 на „Alaska Airlines“ на 22 октомври 2023 година, кога на небото се развил хаос. За време на патувањето од Еверет, Вашингтон до Сан Франциско, Калифорнија, Емерсон тврди дека сè уште ги доживувал ефектите од психоделични печурки што ги земал неколку дена претходно со пријателите.

Станува збор за дрога од класа А, за која е познато дека влијае на сетилата, го менува мисловниот процес на корисникот, го искривува неговото чувство за време и има ефект врз неговите емоции, како и предизвикува халуцинации.

Емерсон објасни дека се чувствувал лошо на пат кон аеродромот и почнал да се плаши дека никогаш нема да стигне дома. И кога седнал на седиштето во пилотската кабина, ова чувство на нелагодност само се влошило.

 

 

 

Дискутирајќи за неговите мисли во тоа време, пилотот изјави за „ABC News“: „Имав чувство дека сум заробен, како: „Дали сум заробен во овој авион и сега никогаш нема да одам дома?“

Емерсон тврди дека неговата паника продолжила да се интензивира како авионот се искачувал на небото, сеќавајќи се како работел со верувањето дека „всушност не оди дома“, додавајќи: „Станав целосно убеден дека ништо од ова не е реално“.

Во средината на неговата хистерија предизвикана од дрога, тој успеал да му прати порака на пријател кој му наложил да прави вежби за дишење. Но, кога таткото на две деца го добил овој одговор од неговиот пријател, пораката одекнала во неговите слушалки и уште толку се заробил во неговиот „сон“. Она што го направил во следните 30 секунди довело во опасност 83 луѓе и беше крај на неговата кариера како пилот.

Објаснувајќи го својот процес на размислување – за кој тој инсистира дека е искривен од трајните ефекти на психоделичните печурки – Емерсон рече: „Има две црвени рачки пред мене. И мислејќи дека ќе се разбудам, мислејќи дека ова е мојот начин да излезам од оваа нереална реалност, јас посегнав и ги грабнав, и ги повлеков рачките. Тогаш мислев дека ова ќе ме разбуди“.

Емерсон вели дека „човечкиот допир“ од стјуардесата која го спречила да ја отвори вратата од нивната кабина го вратил во реалноста.

„Мислам дека тогаш веќе навистина се ми беше измешано“, додаде тој.

 

 

Пилотот потоа побарал да биде држен бидејќи знаел дека „веќе направил доволно штета“. Емерсон бил приведен откако летот на „Алјаска ерлајнс“ слетал, а потоа помина 45 дена зад решетки.

Тој вели дека ги поминал првите четири дена сè уште чувствувајќи ги ефектите од печурките што ги земал. Таткото објасни дека затворскиот лекар му рекол дека страдал од состојба наречена халуциногена перзистентна перцепција (HPPD), која може да предизвика корисник на психоделици да страда од постојани визуелни халуцинации или проблеми со перцепцијата неколку дена потоа.

Иако првично се соочуваше со 83 обвиненија за обид за убиство, обвинителството оттогаш ги намали. Наместо тоа, Емерсон ја чека пресудата за 80 државни и федерални обвиненија, кои вклучуваат 83 точки за несовесно загрозување. Тој се изјасни за невин.

Иако е подготвен да ја „прими одговорноста за изборот што го направил“, пилотот се изјасни во врска со пресудата за неговиот случај.

Емерсон рече: „Она што се надевам е дека целокупното мое искуство ќе биде земено предвид како што општеството ме суди“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *