Пилотот на Луфтханза требал да почека пред да слета, па нацрта нешто „необично“ на небото во Германија

Авионот на „Луфтханза“ патувал од Франкфурт до Бремен во Германија. Сепак рутата која требал да ја помине Airbus A320 пред да добие дозвола за да слета е прилично необична и предизвикала низа на шеги откако била споделена од FlightRadar24.

Авионот не успеал да слета од прв пат и му било кажано да почека и да се обиде ов втор пат кога одеднаш на екраните се појавила рута во форма на машки полов орган.

Секако никој не очекувал вакво нешто и иако вториот обид бил успешен од авиокомпанијата велат дека формата е сосема „случајна“ и дека пилотот не го направил тоа намерно.

Но, оваа изјава не им е доволна на луѓето на социјалните мрежи и тие веруваат дека на пилотот му здодеало да чека па решил малку да се забавува и да им посочи на дискретен начин што мисли за одложувањето на слетувањето.