Пилотот објаснува еднаш за секогаш зошто апсолутно треба да го вклучите режимот за летање во авион

Замислете ја оваа сцена: сте се врзале во авионот и тој почува да се движи. Потоа персоналот ви вели да го ставите вашиот телефон во режим за летање. Но што ако одлучите да не го направите тоа? Ова е прашање што со години проаѓа низ умот на зависниците од паметни телефони.

Дали е сето тоа мит? Дали се досадувате без да има потреба од тоа? Дали авионот ќе падне од небото? Па, имаме одговор за вас. Комерцијален пилот на авиокомпанија одлучи да одговори на ова прашање. Повеќе корисници на Редит му поставувале прашања за авионите и тој одговарал и така на ред дојде и ова прашање.

Корисникот на Reddit m1dlife-1derer го праша Sneaky__Fox85 – кој лета од 2004 година, има две дипломи во авијација, е сертифициран во хеликоптери и авиони со фиксно крило, авиони на пропелери и млазни авиони – каков ефект има навистина на авионот ако не севклучи режимот за летање.

Пилотот одговори: „Може да предизвика пречки кај нашите радија, аудио и навигационо. Во ретки прилики ќе имаме многу пречки на радиото, ќе застанеме и ќе известиме за да ги потсетиме сите дека нивниот телефон треба да бидат во режим за летање и дека ако тоа не го реши проблемот, ќе мора да се вратиме до гејтот за одржување. Мнооогу брзо пречките исчезнуваат. Можете да погодите до што е.

И вие би сакале вашиот телефон да е во режим за летање. Штом ќе се искачиме над 5000 стапки, вашиот телефон нема да има сигнал во секој случај, така што ќе го поминете остатокот од летот исцедувајќи ја вашата батерија во потрага по услуга за мобилни телефони.“

Еве ви го одговорот. Можеби авионт нема веднаш да се запали и да падне, но ќе предизвикате вознемиреност во пилотската кабина и ќе си ја потрошите батеријата залудно.