„Пиратерија си е пиратерија“: Дизни го тужи AI генераторот на слики „Middleroadney“ за масовно кршење на авторските права
Два од најголемите холивудски медиумски гиганти — Disney и NBCUniversal — поведоа тужба против AI компанијата Midjourney, обвинувајќи ја за масовно прекршување на авторски права преку нејзината платформа за генерирање слики. Тужбата, поднесена во Калифорнискиот окружен суд, е првата ваква правна акција од големи филмски студија против генеративна AI технологија.
Според тужбата, Midjourney свесно ги игнорирала претходните барања да престане со користење на заштитени содржини, дозволувајќи на корисниците лесно да генерираат слики на ликови како Дарт Вејдер од „Star Wars“, при што технологијата „создава и нуди висококвалитетни, преземливи слики.“
Ескалација на долгогодишната битка
Овој потег се смета за значителна ескалација во долгогодишната битка меѓу сопствениците на авторски права и AI компаниите, во која веќе беа инволвирани и други технолошки гиганти како OpenAI и Google.
Иако индустријата е во фаза на експанзија, овие тужби претставуваат сериозна пречка за компаниите кои користат авторски заштитени содржини за да тренираат AI модели, без соодветен надомест. Disney, кој е познат по стриктното заштитување на својата интелектуална сопственост, остро реагира.
„Нашата светски призната интелектуална сопственост е резултат на децении финансиски вложувања, креативност и иновација,“ изјави Хорасио Гутиерез, главен правен директор во Disney. „Ние веруваме во потенцијалот на вештачката интелигенција, но пиратерија си е пиратерија — без разлика дали го прави човек или алгоритам.“
Резултатот ќе биде од големи размери
AI експерти веќе предупредија на ризиците. Во статија за IEEE Spectrum, критичарот Гери Маркус и уметникот Рид Саутен покажаа колку е лесно преку Midjourney и други алатки како DALL-E3 да се добијат слики инспирирани од заштитени ликови како Супер Марио или Марвел хероите.
Овој судски процес би можел да трае со години, но резултатот ќе има далекуопсежни импликации — не само за AI компаниите, туку и за целата креативна индустрија.
Коментирај анонимно