Писателка која напишала текст на тема „Како да го убиете својот сопруг“, сега е обвинета дека навистина го направила тоа за коешто пишувала

Писателката Ненси Крамптон (71) е обвинета за убиство на својот партнер, готвачот Даниел Брофи (63). Уште пошокантен е фактот дека именуваната писателка своевремено имаше напишано блог на Тема „Како да го убиете својот сопруг“. А сега, токму таа е осудена за убиство на својот сопруг.

Полицијата соопштила дека Даниел бил застрелан двапати во Кулинарскиот институт во Орегон, каде што работел. Неговото тело го пронашле неговите ученици. Овбинителите тврдат дека Ненси го сторила убиството за да ги добие парите од неговото животно осигурување, кое изнесувало дури 1,4 милиони долари. Дополнителен доказ е фактот дека Ненси пред убиството купила пиштол. „ Таа имаше совршен план. Ненси беше единствената личност која можела да го изврши ова злосторство, бидејќи единствено таа имаше мотив“ – изјавил Шон Оверстрит, заменик обвинител, во своите завршни зборови. Одбраната на Ненси пак тврдела дека Ненси набавила пиштол за потребите за својот нов роман, исто така потенцирале дека Ненси и нејзиниот партнер биле во љубовна врска повеќе од 25 години. Но, за поротата сето ова не било доволно, и после 8 часа донеле едногласна одлука, обвинение за убиство од втор степен. Адвокатите на обвинетата најавуваат жалби.

Постои снимка каде што е забележана Ненси како вози до Институтот, а после 20 минути се враќа дома, во Бивертаун. Но, Ненси тврдела дека не се сеќава на тоа.

Дополнителен факт е нивното законско венчавање непосредно пред смртта на Даниел. Имено, овој пар иако бил заедно уште од 1997 година, сепак не биле законски венчани. Тоа уште повеќе ги подгрева сомнежите дека Ненси, всушност го испланирала убиството со единствена цел, а тоа е финансиска добивка, како би се избавила од долговите во кои веќе извесен период длабоко тонела. Адвокатите пак велат дека финансиската пропаст на Ненси доаѓа после смртта на Даниел, а како дополнителен факт велат дека Ненси била лудо вљубена во својот сопруг, па затоа не би можела, а и немала никаков мотив да го изврши убиството.

Црна дамка на целиот случај фрла и нејзиниот блог со детални упатства на Тема „Како да го убиете својот сопруг“. Во самиот блог ги навела потенцијалните мотиви за убиство, како и методите и начинот на извршување на истото. Сето ова до најситни детали е напишано во нејзиниот блог. Но, на обвинителите им било забрането да разговараат за блогот, сметајќи дека таа објава е многу стара и не е релевантна во моментот, која би можела само да предизвика непотребни предрасуди.

И покрај упорното тврдење на Ненси дека немала апсолутно никаков мотив за убиство на својот сопруг, сепак ѝ се заканува доживотен затвор. Изрекувањето на пресудата е закажано за 13-ти Јуни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!