Писмо за пијани гости оставено од обезбедувањето ги подели мислењата на интернет корисниците

Писмо кое има за задача да утеши некого по бурна ноќ, од едни е опишано како „корисно“, а за други е „вознемирувачко“.

Гостите во овој неименуван бар кои се премногу пијани за да си одат дома ќе добијат писмо на кое пишува „НЕ ПАНИЧИ“, проследено со дополнитело објаснување.

Писмото одговара на сите прашања што може да ги има лицето откако ќе се разбуди во непозната куќа следното утро, бидејќи обезбедувањето очигледно има за задача да ги однесе пијаните гости, за кои смета дека не е безбедно да се вратат дома, во резервната спална соба на шефот.

Првото прашање што е одговорено во писмото е „Каде сум јас?“ Проследено со одговорот „Во резервната спална соба на шефот со кој разговаравте синоќа. Не бевте во состојба да бидете оставени сами, не сакавте/не можевте да се качите во такси и ниту еден од вашите пријатели не се јавуваше на телефон“.

Во писмото се наведува дека телефонот и накитот на лицето се оставени до креветот, и дека „гостинот“ слободно може да извади тренерки од гардароберот бидејќи нивната облека „ја фрлиле“ во машина за перење.

Кон крајот на писмото, се прашува „Што сега?“, Одговорено со „Што сакате“, велејќи дека тие можат „да се искрадат“ без да кажат ниту збор или „да останат во кревет“.


„Има чисти крпи,  храна во фрижидерот и налепница со лозинката за WiFi“, е напишано во писмото.

Многу луѓе се вознемирени од писмото, а еден корисник коментираше: „Со оглед на фонтот, изгледот на дизајнот и колку е специфична содржината на пораката, се чини дека ова се случува често. Мене би ме фатило паника!“

Друг корисник рече дека би повика полиција: „Ова е морничаво, веднаш ќе повикам полиција и ќе проверам дали имаам повреди“.

Некои пак сметаат дека гестот е сосема во ред и му се заблагодаруваат на обезбедувањето кое одвоило време за сето тоа.

Сепак, многу луѓе мислат дека писмото е лажно, а еден пишува: „Мислам дека ова не е вистина. Премногу потенцијални проблеми, премногу причини зошто не може да функционира во пракса“.