Питонот реши да се „почести“ со еден пешкир, но набргу зажали откако заврши на ветеринар

Повеќето луѓе знаат како функционираат питоните. Тие не се отровни, но го гушат, а потоа и го голтаат нивниот плен. „Килимовиот питон“, кој потекнува од северо-западниот дел на Австралија, не е претерано агресивен и расте во просек од 1,5 до 2,5 метри во должина. Така што многу луѓе ги чуваат како домашни миленици.

На 18 години, Монти без сомнение пробал секаков вид на храна. Како и да е, кога решил да премине на нешто понеобично, како на пример пешкирот за плажа, неговите сопственици морале да го однесат на ветеринар, специјалист за егзотични животни во Сиднеј.

Прво, бил испратен ендоскоп низ устата на змијата, каде што ветеринарите ја пронашле крпата повеќе од еден метар од главата на Монти. Д-р Оливија Кларк морала да му даде анстезија на животното за да ја извлече крпата. Уште поневеројатен е моментот на извлекување на крпата и фактот дека изгледа целосно недопрена.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!