Планинари се изненадија кога на врв висок над 3.000 метри сретнаа необичен пријател

Кирил Рорер (24) и Ерик Рорер ја искачувале планината Бритсен во Швајцарија кога одеднаш на нивната авантура им се придружил пријател кој не би требал да биде таму.

До нив дошла изгубена мачка, која залутала далеку од цивилизацијата и завршила на падините на планината и ги следела планинарите веднаш до врвот. Таа ги следела до самиот врв кој се наоѓа на 3.073 метри.

Подоцна планинарите дознале дека мачката е исчезната веќе 4 дена и дека ова ѝ е трет пат да се искачува на планината, откако следела и други планинари.

Друга група планинари на крајот ја однела мачката назад во долината подолу и ја обединила со нејзините сопственици.

Кирил, од Сакселн, Швајцарија, вели: „Бристен е една од најдолгите скитури во областа. Од почетната точка на 800 метри потребни се речиси 2300 метри е да се стигне до врвот на планината Бристен на 3073 метри. Беше 4:30 часот наутро, кога слушнавме мачка во темната шума. Таа остави навистина исплашен и збунет впечаток.“

„Но, не можевме да се ослободиме од неа додека одевме по угорницата. Така, таа остана со нас до над 3000 метри. Почна да трепери и нејзините шепи почнаа да крварат од силниот снег. Понекогаш ја земавме и ја носевме кога беше премногу истоштена за да може да оди по угорницата повеќе.“

„Дефинитивно бевме збунети. Навистина ми беше жал за мачката. Таа беше навистина исцрпена.“, додава тој.