Планинарот 10 км на грб го носи исчезнатото куче, кое успеало да преживее на планините прекриени со снег цели две седмици

Сиара Нолан и Џеан-Франсоа Бонет пронајдоа осумгодишен златен ретривер по име Неша во близина на  планините Виклов, Ирска.

Тие го завиткаа кучето, кое беше пријавено за исчезнато две недели порано, во палто и Џеан го носеше на грб 10 километри дур не стигнат до рамен терен.

а клипот, снимен на 6 Февруари и објавен на TikTok следниот ден, може да се види како Неша виси од ременот, направен со помош на шал, на грбот на Џеан додека тој се пробиваа низ нерамниот терен.

Клипот продолжува и ни покажува друг дел од патувањето на триото со Нееша овој пат поставена преку рамената на Џеан додека Сиара вели: „Ние сме толку далеку од дома. Таа е толку слаба, кутро мало бебе“.

Сиара континуирано се обидува да го утеши преплашеното куче се додека не стигнаа на рамен терен, по скоро пет часа пешачење.

Сиера и Џеан, двајцата лекари, се погрижија Неша да биде топла и сува пред да контактират со локалната добротворна организација за спасување животни „Ash Animal“, која успеа да помогне во пронаоѓањето на нејзините сопственици.

Неша и нејзините сопственици, заедно со друго семејство инивниот тригодишен германски овчар Харли, шетале на планината Лугнакила на 23 Јануари, кога кучињата истрчале по елен не се вратиле.

Семејството трагало по кучињата во текот на целата вечер, но немале среќа со нивно пронаоѓање во  огромниот пејзаж.

Тие ја прекинале потрагата, но се вратиле следниот ден за да ја продолжат на дневна светлина. Харли го пронашле како чека на паркингот – но сè уште немало трага од Неша.

Нејзините сопственици упатиле очајни молби на социјалните мрежи пред да побараат помош од дрон за да ја скенира областа.

На патеката оставиле и корпа со неиспрани алишта надевајќи се дека Неша ќе ги намириса, но безуспешно.

По повторното обединување со сопствениците, Неша била однесена на ветеринар кој ги известил дека семејното милениче изгубило третина од нејзината телесна тежина во текот на двете недели додека талкала сама.

Неша конечно е во свјот топол дом заедно со нејзините пресреќни споственици и брзо заздравува.