Планови за поврзување на планетата: Од Пекинг до Њујорк за еден час!

Дали навистина ќе поминеме неверојатни растојанија за неколку години? Ако треба да и се верува на оваа кинеска авиокомпанија токму тоа и ќе се случи.

Според порталот news.com.au, кинеската компанија ги претставила плановите за изградба на хиперсоничен авион кој би можел да ја помине рутата меѓу Пекинг и Њујорк за еден час. „Ракетата со крила“, како што се нарекува овој авион, е дизајнирана да лета 12.000 километри на час, планирани се тестови за следната година, а компанијата се надева дека ќе полета во воздухот во 2024 година.

На видеото објавено од компанијата се гледа како авионот се одвојува од крилата лансирани од ракетите по полетувањето, а крилото и ракетите се враќаат назад во лансирната рампа.

„Развиваме ракета со крила за брз транспорт од точка до точка, чија цена е пониска од ракетите што носат сателити и побрза од традиционалните авиони“, изјавија од компанијата за кинеските медиуми.

Хиперсоничните авиони се главен меѓу плановите за висока технологија на Кина, а земјата продолжува да фрла големи суми пари и ресурси во секторот.

Предложениот хиперсоничен авион е поголем од Боинг 737, а дали патувањето од Кина до САД навистина ќе трае еден час наскоро ќе се открие во блиска иднина.