Пластичен хирург ја создал својата „совршена сопруга“ и ја запросил на првиот состанок

Вероника го посетила пластичниот хирург Дејвид Матлок за вагинопластика, откако ја родила својата ќерка.

Оттогаш таа направила бразилско кревање на задникот, операција на нејзината вагина, лабијапластика и инекција на Г-точката, липосукција на брадата, рацете и нозете и ботокс. Пред да се запознае со Дејвид Вероника веќе имаше три операции на градите.

Дејвид вели: „Таа прифати сѐ што ќе предложев, дури и брак.“ По неколку зафати направени од страна на Дејвид, Вероника се шегува дека таа е „движечка реклама“ на нејзиниот сопруг. Дејвид и самиот бил под нож неколку пати и има ставено импланти во неговиот бицепс, трицепс и слично за да го добие совршеното тело.

Говорејќи за неговите операции, Дејвид рече: „Само сакав да го одведам телото до точката каде, со вежбање и диета, не можеше да дојдете до таму“.

И покрај тоа што Дејвид честопати ја охрабрувал својата сопруга да оди под нож, Вероника инсистира на тоа дека тој сè уште ја сака таква каква што е, односно каква што била кога прв пат влегла во неговата ординација.

Таа вели: „Знам дека Дејвид ме сака каква што сум затоа што кога влегов во неговата канцеларија, бев околу 10 килограми потешка и тој рече дека кога ме видел тоа била љубов на прв поглед.“