Платите на наставниците од австралиската држава Нов Јужен Велс ќе изнесуваат повеќе од 10 000 долари месечно!

Нов начин за плаќање на наставниците во австралиската држава Нов Јужен Велс поради „хроничен“ недостиг на наставници.

На наставниците кои се сметаат за „извонредни“ ќе им бидат понудени нови задачи и услови за многу поголеми плати, во обид да се спречи недостигот на наставници и професори во државата.

Министерката за образование Сара Мичел рече дека новите улоги ќе го прошират патот на кариерата на наставниците во училницата и ќе помогнат во модернизацијата на образовниот систем на Нов Јужен Велс.

„Овој модел не е „плаќање по учинок“, туку е создаден за да се прошират можностите за кариера на наставниците“, изјави таа.

„Нов Јужен Велс ги има некои од најдобрите наставници во светот, но тие често ја напуштаат училницата и се префрлаат на менаџерски професии за да обезбедат повисоки плати и напредување во кариерата“.

Реформите доаѓаат во време кога државната влада се бори со голем недостиг на наставници, со илјадници отпуштања од работа и големи проблеми со платите и работните услови во училиштата.

Федерацијата на наставниците во Нов Јужен Велс побара зголемување на платите од пет отсто годишно со дополнителни 2,5 отсто за оние со дополнително искуство.

Владата понуди зголемување од само три отсто, опишувајќи го зголемувањето на платите како навреда.

Експертите предвидуваат дека повисоките плати ќе ги охрабрат матурантите кои претходно биле премислувани поради нискиот статус на професијата, да студираат настава.

Националниот извештај за преглед на иницијалното образование на наставниците, покажа дека зголемувањето на платите за 30 отсто ќе направи учениците да размислуваат да станат наставници многу почесто.
„Ако владата сака да ги привлече најсилните кандидати во наставата, важно е стапките на платите да бидат во чекор со другите професии“- велат од комората на наставници.

Во Австралија „главните“ наставници се платени околу 10 отсто повеќе од колегите, но во странство добиваат околу 40 отсто повеќе за да ги задржат во секторот. Водечките наставници во Австралија се високо квалификувани, ја преземаат одговорноста за тренирање на други наставници и честопати се раководители на одделенија во едно училиште. Само околу 1.025 наставници се сертифицирани како водечки наставници во земјата.

Штрајкот на наставниците на 30 јуни, непосредно пред почетокот на училишните одмори во Нов Јужен Велс, беше трет во последните шест месеци.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *