Плавуша на испит на музичка академија (виц)

Плавуша на испит на музичка академија. Еден од професорите во комисијата ѝ вели:
– Значи колешке, сега Вие ќе застанете свртена со грб. Ние ќе стиснеме еднен клавиш од пијаното, а Вие треба да познаете кој е…
Застанува плавушата со грб, се слуша еден тон. Се врти таа со лицето кон комисијата, ги гледа сите внимателно и по кратко време покажува со прст кон еден од професорите и вели:
– Ти беше!