Плавуша на посета кај мажот во затвор (виц)

Плавуша оди на посета во затворот кај својот маж. После разговорот со мажот, плавушата оди кај директорот на затворот и го моли:
– Господине директоре, ќе сакате ли да го преместите мажот ми на полесно работно место?
– Госпоѓо, каква полесна работа да му дадам од лепење марки на писма?
– Да, но тоа е преку ден. А ноќе, вели, копале некаков тунел…