Плавуша – училишен психолог (виц)

Плавуша се вработила како училишен психолог. Оди на работа еден ден и гледа во училишниот двор нешто што ѝ го привлекло вниманието. Група тинејџери игра фудбал, а еден стои од страна, малку подалеку од нив и само ги набљудува. Таа си мисли:
„Јасно! Типичен пример на депресија!“
Му се приближува на момчето да испита што е работата.
– Здраво другарче! Да не страдаш од несреќна љубов?
– Не, имам девојка и супер ни оди.
– Да не имаш единица по некој предмет?
– Не, јас сум одличен ученик.
– А мама и тато сложни ли се?
– Да, сѐ си е во ред кај нас дома.
Плавушата се зачудила и продолжила:
– Добро, а сакаш ли фудбал?
– Јас обожавам фудбал!
Плавушата сосема збунета решила да го праша директно:
– А зошто тогаш не отидеш и ти да играш со твоите пријатели, туку само стоиш од страна?
– Затоа што сум голман.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *